Алијанса за Албанците: Намалување на акцизата за горивата и ДДВ-то

Намалување на акцизата од 22 денари за бензинот на 15 денари, како и за дизелот од 15 денари што е моментално, на 9 денари, предлага Алијанса за Албанците по вчерашното зголемување на цените на горивата, храната и електричната енергија.

„Предложуваме намалување на данокот на додадена вредност, ДДВ, од 18% на повластена стапка од 5%, исто како што направија и со цената на струјата што исто така беше предлог на Алијанса за Албанците и резултираше позитивно иако првично Владата беше скептична и одбиваше.
Бидејќи цените на светските берзи секојдневно се зголемуваат, ние предлагаме Владата да примени замрзнување на даноците и акцизите, на ниво на вредноста од пред една недела (28 февруари), значи да примени максимален лимит на цената за овие показатели.
Да се намали на можниот минимум и трговската маржа од трговците на мало.
Овие мерки треба да се преземат час поскоро, бидејќи поскапување на цените на горивата се предвидува и во деновите во текот на следните недели.
Сакаме да нагласиме дека намалувањето на акцизата и ДДВ-то кое што го предлагаме во никој случај не му штети на државниот буџет, бидејќи приходите ќе бидат исти со тие пред поскапувањето на електричната енергија на берзите. Во спротивно, одржувањето на акцизите и ДДВ-то на моменталното ниво претставува додатен профит за Владата на сметка на граѓаните. Поточно, Владата со овие даноци уште повеќе ја зголемува веќе додадената вредност на горивата и прави бизнис во време на криза, додека многу други одговорни држави бараат решенија за да им ги ублажат последиците на граѓаните“, соопшти Алијанса за Албанците.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе