АМСМ

Снег и голомразица по патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег. АМСМ предупредува дека поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.

Забранa за движење на тешки товарни возила е воведена на планинските премини Стража, Плетвар, Ѓавато и Пресека, како и на патниот правец Маврово – Дебар.

Снег со слаб интензитет паѓа низ цела Македонија. АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани ­ Македонска Каменица ­ Делчево, Виница ­ Берово, Гостивар ­ Стража, Маврово – Дебар ­ Струга, Д. Капија ­ Удово, Катланово ­ Велес, Крушево ­ Демир Хисар и Ресен ­ Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

Постојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано. 

повеќе

Заев рече дека не му се допаѓа како соседните земји реагирале на кризата во Македонија и власта во Србија ја нарече „националистичкото раководство на Вучиќ“, па во Белград предизвика епидемија од паѓања во несвест од изненаденост и навреденост. Хм, во што е точно проблемот?

повеќе

Луѓето се лутат што бизнисмените не реагирале или недоволно критикувале за лошите владини потези во минатото. Од нивна перспектива - веројатно со право.

повеќе