Скопје

По повод Светскиот ден на Дауновиот синдром - 21 март, денеска во Градскиот парк се одржа хуманитарна трка за лицата со Даунов синдром. На трката учествуваа деца со Даунов синдром, нивните семејства и пријатели и граѓани кои заедно истрчаа еден километар низ Градскиот парк.

18 Март 2017 - 22:02

Град Скопје не е институцијата која го донела деталниот урбанистички план и не ја гради сообраќајницата на Кејот 13 Ноември, се вели во реакцијата на Град Скопје на прес-конференцијата на претседателот на општинската организација на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ.

18 Март 2017 - 18:38

Телевизија Нова се соочува со незаконски притисок од страна на СЈО кој не може да се протолкува никако поинаку освен како обид за цензура и обид за замолкнување на слободните медиуми, пишува во апелот на телевизијата.

17 Март 2017 - 18:40

Светски реномирана компанија со седиште во Турција, Лимак започна со подготвителни градежни работи на теренот помеѓу Музеј на град Скопје и Рамстор Мол. Од Лимак очекуваат дека сите дозволи за проектот ќе бидат комплетирани и многу наскоро ќе започнат со изградба на подземна сообраќајница во централното градско подрачје на Скопје, а потоа и со планираниот мултифункционален комплекс.

17 Март 2017 - 15:47

На јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за купување печки на пелети кој заврши на 13 март поднесени се вкупно 290 барања од граѓаните.

17 Март 2017 - 12:42

Апелацискиот суд во Скопје го потврди решението за притвор на Кривичниот суд за бизнисменот Сеад Кочан. Жалбата на адвокатот на Кочан, Никола Додевски, е делумно уважена, соопшти судот.

16 Март 2017 - 17:12

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило", Душан Авировиќ денеска извршија увид во градежните работи за реконструкција на паркот „Жена борец".

16 Март 2017 - 13:21

„Каде што има потреба има и лајон“ е мотото на една од најмоќните интернационални организации во светот кои се борат против, слепило дијабетес, зачувување на животна средина и целокупно подобар живот во општествата и светот. Оваа година лајонизмот во светот слави 100 години постоење, во Македонија Лајонс постои 20 години.

15 Март 2017 - 21:30

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ги додели наградите и пофалниците на 21 најдобро дипломиран студент во учебната 2014/2015 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

14 Март 2017 - 15:19

Главниот град на Австрија, Виена уште еднаш е прворангиран по квалитет на живот, на традиционалната листа на градови на американската компанија Mерцер, на која се рангирани 231 град. На листата нашиот главен град Скопје се најде на 161-то место од 231 светски град, со што е меѓу најлошо рангираните градови од балканскиот регион.

14 Март 2017 - 15:03

Општина Центар започна со комплетна санација на надворешното осветлување во седумте основни училишта на територија на општината.

14 Март 2017 - 12:38

Техничката влада, предводена од премиерот Емил Димитриев планира да гради нов студентски дом на влезот во Градскиот парк во скопската населба Карпош 1. 

14 Март 2017 - 11:17

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта" деновиве поставуваат катадиоптри на улицата Ѓорче Петров, на потегот од кружниот тек кај СП „Планет" и улицата Воин Драшковиќ до мостот за Сарај.

14 Март 2017 - 10:33

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска организираше симболична велосипедска тура во Скопје и во уште 20­-тина градови низ Македонија, како дел од викенд програмата преку која упатува пораки за зачувување на унитарноста на државата. 

12 Март 2017 - 15:54

Со музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и денеска испрати порака за унитарна Македонија. 

11 Март 2017 - 19:19

На Македонија ѝ е потребен поинаков пристап во стратегијата за меѓународни настапи и претставување на туристичката понуда на државата.

повеќе

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе