Жители на општина Аеродром бараат да се спречи создавање на нова депонија

Жители на општина Аеродром испратија апел до општината да преземат мерки и да го спречат создавањето на нова депонија во урбаниот дел во општината.

„Кај Ново Лисиче, во непосредна близина на крстосницата на Булевар АСНОМ со Февруарски поход, кај новиот парк, во потегот од последната постројка на ЈСП до кејот на река Вардар, од лева страна или поточно на следната локација, деновите се раѓа нова депонија. Откако патот што води до кејот, остана тампониран а неасфалтиран, секојдневно, несовесни граѓани со камиони и слични товарни возила фрлаат секакво ѓубре, градежен шут и отпад. Претпоставувам дека тоа се лица кои наплаќаат за таква услуга, а го наште ова место за згодно. За да биде ситуацијата уште покатастрофална, ѓубрето некој го пали (тоа што може гори) и се шири неподнослива смрдеа. Ве молиме во најкус рок да се превземат сите мерки да се спречи ова (предлог: да се блокира пристапот со метални прегради или бетонски блокови од страна на кејот и од страна на последната постројка на ЈСП), да се ангажираат екипи кои постојано би вршеле надзор над овој дел од Ново Лисиче вклучително и новиот парк“, се вели во дописот од жителите на општина Аеродром. 

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе