Поради редовен годишен технички преглед

Жичарницата на Водно нема да работи утре

Од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска информираа дека поради редовен годишен технички преглед, утре нема да работи Жичарницата на Водно, а ќе биде редуцирана и автобуската линија „25“ (Транспортен центар – Средно Водно).

Возен ред за автобуската линија „25": Транспортен центар: 8 ч, 9.40 ч, 11.20 ч, 13.20 ч, 15.20 ч и 17.20 ч и од Средно Водно: 8.40 ч, 10.40 ч, 12.40 ч, 14.40 ч, 16.40 ч и 18.40 ч.

Од петок (23 септември 2022 год), Жичарницата и линијата „25" ќе продолжат со редовна работа, додадоа од ЈСП.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе