Реакција

Здружението на дуќанџии од ГТЦ бараат да се решат нивните проблеми со менаџментот

Не сме ние тие кои правиме црна пропаганда за нашиот заеднички Градски трговски центар затоа што ние сме сопственици на деловни простории и го одржуваме центарот со плаќањето на фактурите за трошоците што ги фактурира АД ГТЦ, кое во случајов е управител на нашиот капитал, реагира Здружението на граѓани сопственици на деловен простор во ГТЦ 1973 Скопје на демантот на директорот на АД ГТЦ.

„Договорите на дуќанџиите со АД ГТЦ се еднострани и не се усогласени со актуелните закони. Нема рок на договорот за колку години е склучен и имаме спорни членови кои директорот на АД ГТЦ одбива заеднички да ги усогласиме.

За сметките за електрична енергија, топлинска енергија и за вода, за да нема сомневања за фактурирањето треба да се приложат влезните фактури за да се стане јасно како се дели и на колку деловни единици.

За да ја олесниме работата, бараме директни приклучоци и договори за снабдување како сите сопственици на деловен простор во нашата држава.

АД ГТЦ нема лиценци за фактурирање и дистрибуција на струја, топлинска енергија и вода. Нема методологии за пресметката документи. Тоа го потврдија и од Регулаторната комисија за енергетика. Треба да поднесе барање за затворен систем, а директорот одбива да го направи тоа.

Цената на електричната енергија секогаш е повисока од универзалниот снабдувач. Зошто ?

За одржување цената е 1,35 евра по м2 во првите договори, немаме точен датум од кога наплаќа 4 евра по м2 без отчет за што наплаќа и за што ги троши.

Како управител на АД ГТЦ должен е на секој сопственик да му прати преглед на трошоци.

Не сите сопственици деловните простории ги купиле директно од АД ГТЦ. Некои се купени и од правни и физички лица кои не ги кажале услови за продажба кога им ги продале на трети лица.

Во неколку писмени обраќања баравме да се решат нашите проблеми, но сите експресно се одбиени, па се прашуваме зошто Владата го поставила менаџментот на АД ГТЦ ако не ги решава проблемите и на приватните сопственици 472 локали. АД ГТЦ управува со 116 локали“, се вели во реакцијата на Здружението на граѓани сопственици на деловен простор во ГТЦ 1973 Скопје.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе