„Нема застој во вршењето на јавниот превоз поради ЈСП, нашите автобуси редовно возат, но проблемот се наоѓа во блокадите на крстосниците кои имаат лична и политичка заднина. ЈСП има капацитет и работи во полна кондиција, затоа го повикуваме МВР да реагира согласно законски овластувања и да преземе мерки бидејќи поради одреден приватен личен интерес штета трпат Градот и граѓаните", рече Глигоров.
Тој побара новинарите да му постават прашања на електронска пошта, а новинарите протестираа и рекоа дека повеќе нема да дојдат да бараат изјава зашто нема да можат да очекуваат дека ќе можат да поставуваат прашања.