Започна петмесечната реконструкција на улицата кај Клуб на пратеници

Градоначалничката Данела Арсовска денеска се појави на улицата „Теодосиј Гологанов“ кај Клуб на пратгеници во центарот на Скопје каде се започна со голема реконструкција на делот од оваа фрекфентна сообраќајница. Настанот таа го искористи да порача дека не е точно дека истражители на обвинителството влегле во Град Скопје, како и да нагласи дека нема проблем со функционирањето на претпријатијата во кои оставки поднесоа директори кадри на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Во законски рок ќе бидат поставени нови директори, рече таа.

Градежните работи на улицата, според најавите на Арсовска, ќе траат 5 месеци, а ќе се работи на делот од кружниот тек кај Католичка црква до крстосницата со булеварот „Климент Охридски“.

„Станува збор за работи во опфат од  5.350 метри квадратни, вклучително и велосипедска патека и тротоари со површина од 4.500 метри квадратни. Ќе  има нови рабници, ќе се работи на нова и поопфатна фекална канализација и нова водоводна мрежа, а новото  улично осветлување ќе биде со штедливи лед сијалици. Вредноста на работите изнесува околу 43 милиони денари“, рече Арсовска.

Зошто работите не биле отпочнати уште минатата година, со оглед на тоа што претходното градско раководство потпишало договор со фирмата „Бауер" како изведувач, градоначалничката нагласи дека се чекале одобренијата од МВР.

Поради градежните работи автобусите на ЈСП со број 5 и 4А ќе имаат нов сообраќаен режим во овој дел од Скопје.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе