Информира дека опожарените контејнери веднаш ги замени со нови за да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад.
„Ова е трет случај годинава од страна на непознати сторители да бидат опожарени садови за одлагање отпад на истата локација,“ велат од ЈП Комунална хигиена-Скопје и апелираат да престане уништувањето на контејнерите, за екипите на претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно оперативната програма за работа.
Од ЈП Комунална хигиена-Скопје информираат дека сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и упатува апел до МВР во најкус можен рок да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.