За прв пат во Македонија просечната пензија е пониска од минималната плата, вели Арсовска

Според Арсовска, должност на општините и јавните претпријатија е да работат во функција на граѓаните, особено на оние кои имаат ниски примања и најмногу ги чувствуваат последиците од економската криза.

Проблемите на јавните претпријатија нема да исчезнат, тие претпријатија некој ги донел во оваа тешка ситуација. Во овој момент има обид да се менаџираат проблемите и скратени се сите непродуктивни трошици за разлика од некои институции кои во моментов се луксузираат. Сметам дека секој еден којшто ќе се дрзне да каже дека не е за доброто на граѓаните особено за една од најранливите категории како што се пензионерите да го добијат она што им било ветено не доликува на било кој одговорен функционер, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во денешното гостување во дневните вести на Канал 5 телевизија, одговарајќи на прашањето дали е добро да се носи мерката за бесплатен јавен превоз за пензионерите и покрај економската криза и проблемите со кои се соочуваат јавните претпријатија под градот.

- Треба да се излезе пресет на граѓаните посебно пензиониерите што имаат ниски пензии. За прв пат во Македонија сега просечната пензија е пониска од минималната плата. Функцијата на секоја власт е средствата да се вратат кај граѓаните. Секој носител на јавна функција треба да преземе активности во интерес на граѓаните, дополни Арсовска.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе