Паркинзи на општина Центар

За една недела за погрешно паркирање казнети 218 возачи

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција во Скопје изминатата седмица санкционираа 218 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 29.11. до 05.12.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак" на ЈП ПОЦ отстранети се 105 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор" санкционирани се 113 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

„ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците“, велат од ПОЦ. 

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе