Вонредно прскање против комарци во вторник

Оваа година, како што посочија од Град Скопје, извршени се четири авионски и четири терестични дезинсекции на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци и против ларви од комарци.

Последната фаза од авионското прскање беше изминатата недела, односно на 15 и 16 август, а терестичната дезинсекција се одвиваше од 17 август до 21 август.

Дезинсекцијата Градот Скопје ја спроведува според сите светски и европски стандарди, а средството кое што се користи е од најдобриот светски препарат, производство на Бајер – Германија, а прскањето и растварањето на средството се врши согласно упатството на производителот, а под надзор на комуналните служби на градот. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, информираат од Град Скопје и додаваат дека пчеларите навремено треба да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. 

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе