„екторот за санитарна контрола во периодот од 28.12.2020 до 31.12.2020 зема 146 примероци за физичко-хемиска и 146 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 38 мерни места во град Скопје“, стои во соопштението од ЈП Водовод и канализација.
Како што информираат од јавното претпријатие анализата е спроведена во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.