Во Скопје најден починат бездомник, веројатно прва жртва на студот

Студот што ја зафати земјава денеска ја зеде и првата жртва. Од полицијата потврдија дека денеска изутрина во скопската населба Аеродром е најдено тело на починат бездомник. 

Се работи за 68-годишниот Ј.Т., а првичните претпоставки се дека починал од студот, но телото е дадено на обдукција зада се утврдат причините за смртта. Бездомникот бил најден на улица Бојмија, во близина на Транспортниот центар, а неговата смрт ја пријавил негов другар, исто така бездомник, кај чувар на објект во близина на Поликлиниката „Јане Сандански“.

Полицијата потврди дека денеска во 09.27 часот А.Ј. го пријавил случајот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Изминатите денови цела Македонија е зафатена од екстремно студено време, со температури кои се спуштија и до минус 28 степени. Најзагрозени се бездомниците, чиј број во Скопје е 146, а за 40 од нив сместување има во прифатниот центар во Момин Поток. 

Изминатите неколку дена Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави неколку милиони документи во врска со нивната работа, меѓу кои илјадници документи се однесуваат на СФРЈ и Македонија. 

повеќе

Искрено, сметам дека Трамп нема многу да се посвети на Македонија и на Балканот, како што некои мислат.

повеќе

Социјалните медиуми се алатка која овозможува двонасочна комуникација. Тоа е нивната предност,

повеќе