Скопје

Во Клинички центар ќе се градат две катни гаражи

Во комплексот Клинички центар „Мајка Тереза“ ќе се градат две катни гаражи и хелиодром со вкупно 2.500 паркинг места по пат на Договор за јавно-приватно партнерство. Приватниот партнер во проектот треба да вложи 21,3 милиони евра, а сопственоста на објектите во периодот на концесионирање да остане кај јавниот партнер.

Љубомир Димовски и Никола Тодоров

Тоа го покажува денеска презентираната физибилити студија за јавно приватно партнерство, на чија основа и по завршување на административните процедури за три до четири месеци Министерството за здравство ќе ја почне тендерската постапка за договорот за период од 35 години. Моделот за реализација на договорот за ЈПП што се препорачува е DBFOT (DesingBuild-Operate-Transfer) Проектирање - финансирање - изградба стопанисување-трансфер.

„Претпоставениот концесисики надомест е еден процент, а вкупната инвестиција 1.314.000.000 денари со претпоставен број на 60 вработени. Повратот на инвестцијата би бил за период од околу 12 години“, рече на презентацијата Љубомир Димовски од консултантската компанија ЕПИ интернационал, што ја изготви студијата.

Заинтересираните инвеститори, според критериумите за тендерот, треба да имаат минимум работен капитал или пристап до кредитна линија од најмалку 10 милиони евра, да има вкупен годишен приход во последините три години од 10 милиони евра и искуство во организирање на проектирање, изведување, развој и управување со минимум еден споредлив објект. Договорот за јавно-приватна набавка, според препораката, ќе се додели на фирмата што ќе понуди највисок концесиски надомест, како процент од вкупно остварениот приход од услуги на годишно ниво.

Министерот за здравство Никола Тодоров очекува дека ќе има заинтересирани инвеститори. „Станува збор за огромна инвестиција од над 21 милион, со добар поврат за околу 12 години. Тоа е профитабилен проект. Очекувам ова да обебзеди инвестициска активност на домашните и на странските компании и решавање на повеќедеценискиот сериозен проблем со возилата на Клиничкит центар“, рече Тодоров.

Се планира првата катна гаража да биде лоцирана на празниот простор помеѓу Инфективната клиника и Фармацевтскиот факултет и со нејзина градба ќе се почне веднаш по склучување на договорот. Втората гаража ќе се гради на сегашната локација на Институтот за туберкулоза, откако ќе биде преселен во новиот Клинички центар. Во двете катни гаражи, што ќе имаат по седум ката, ќе има и деловен простор со површина од по 4.000 метри квадратни. Во втората катна гаража ќе се гради и хелиодром, обврска на приватниот партнер, со кој ќе управува комплескот клиники „Мајка Тереза“. Со урбанистичкото решение се предвидува да се овозможи и сервисна улица што ќе треба да го растовари сообраќајот на булеварот „Водњанска“.

Бројот на паркинг места што ќе се градат е проектиран на база на сегашната состојба и проекциите за наредните 35 години. Земени се предвид бројот на возилата на вработените и на пациентите од Скопје и од внатрешноста, периодите за влез, излез и задржување на возилата. Утвредно е дека во просек на двата постојни паркинзи влегуваат 2.041 возило, од

кои 465 на вработените. Во еден момент на паркинзите се паркирани и над 1.500 возила. На интервали од 15 минути во комплексот клиники влегуваат 60 до 70 возила. Најголема е фрекфенцијата во периодот од 7 до 9 часот наутро, јави МИА.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе