По пожарот во Шутка

Владата најави помош за семејството чии деца загинаа во пожарот во Шуто Оризари ќе добие помош

Премиерот Оливер Спасовски изрази сочувство и најави најитно обезбедување првична помош за сместување и финансиски средства за семејството кое во пожар во Шуто Оризари ги изгуби двете малолетни деца.

„Изразувам длабоко сочувство до семејството, градоначалникот и граѓаните на Шуто Оризари, за големата трагедија што се случи. Заедно со претставници на Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика излеговме веднаш на терен. Ќе обезбедиме сé што е потребно како првична помош, итно сместување и финансиска помош“, рече премиерот Спасовски за време на посетата на местото на несреќата.

Премиерот Спасовски најави дека со градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш ќе разговараат за определување финансиски средства заедно со локалната самоуправа за да се помогне подобрување на инфраструктурата во општината.

„Ваквите настани треба да ни бидат поука за во иднина, да направиме сé што е потребно за да не ни се случуваат вакви трагични настани“, додаде премиерот Спасовски, кој изрази сочувство за загинатите деца во пожарот во Шуто Оризари.

И министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи попладнево беше во посета на опожарената куќа во Шуто Оризари и на семејството чиишто малолетни деца загинаа во пожарот.

Како што се наведува во соопштението од МТСП, Мизрахи изразила сочуство до семејството и им понудила сместување и еднократна парична помош.

„Со голема тага ја примив веста за смртта на двете деца во пожарот во Шуто Оризари. Како родител сочувствувам со големата болка што ја почувствуваа денеска нивните родители. Тоа е огромна човечка трагедија чија загуба е ненадоместлива и која не може да се изрази со зборови. Но, мора да се остане силен и човечен. Ќе сторам се што е во моја надлежност, да им помогнам на семејствата. Знам, дека болката е ненадминлива, но нивните браќа и сестри ќе ја имаат мојата максимална поддршка во секој поглед“, посочува министерката Мизрахи.

 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе