Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за бранувањата во Град Скопје

Велковски и Перински ја имаат поддршката, изјави Мицкоски по нивното разидување со Данела Арсовска

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за заминувањето на Ѓоко Велковски од функцијата генерален секретар на Град Скопоје и за разрешувањето на в.д. директорпт на ЈП „Водовод и канализација" Златко Перински од страна на градоначалничката Данела Арсовски изјави дека и двајцата имаат негова поддршка и верува во нивното чесно работење. Во животот има моменти кога ќе видите дека очекувањата не се исполнуваа, тогаш патиштата се разотидуваат, но важно е патот на ВМРО-ДПМНЕ да е вистинскиот, а Скопје да биде метропола, рече Мицкоски.

Секој проект поврзан за Град Скопје, кој е во вистинска насока, без разлика дали е од градоначалничката Данела Арсовска или од мнозинството во Советот ќе ја има нашата поддршка, а пак, секој проект кој цениме дека не е во насока на добрите политики, ние нема да го поддржиме, рече Мицкоски одговарајќи на прашање дали градоначалничката Арсовска сѐ уште има поддршка од него.

„Вистината е следна: и Ѓоко Велковски кој денеска ја напушти таа позиција и Златко Перински имаат моја недвосмислена поддршка верувам во нивниот чесен карактер и чесно работење и тие остануваат дел од плановите на ВМРО-ДПМНЕ и во иднина. Што се однесува до Перински можам да кажам дека постигнува исклучително високи финансиски резултати во работењето на ЈП Водовод откако е поставен. Во првиот квартал има зголема добивка, за 50 милиони денари поголема наплата и тоа се резултати за почит, јас би посакал да имам таков соработник, а некој за жал не успева да ги искористи нивните капацитети“, рече Мицкоски.

Во врска со набавката тој потенцираше дека таа е од 2019 година кога, како што рече, градоначалник бил некој друг и оти е проект финансиран од Светска банка преку Европската инвестициска банка, зад кој стои државата со свој претставник, Министерството за животна средина.

„Од тоа што знам од страна на финансиерот сите документи се доставени без приговор. Ако некој може да има толкава моќ да влијае и врз Светска банка и врз Европската инвестициона банка, јас би му честитал јавно ако е толку моќен. Јас во името на овие луѓе не гледам таков. Ова е сериозен проект и апелирам до новиот директор, да го заврши затоа што е битен за скопјани, Скопје за жал е град кој се уште нема прочистување на отпадните води затоа имаме чувство на миризба кој доаѓа од Вардар и ќе го охрабрам да се реализира овој проект и да не пропадне како што пропадна една друга инвестиција и покрај што имавме добри намери да ја одржиме во живот. Ги охрабрувам Арсовска, новиот секретар и новиот директор да го реализираат овој проект“, изјави Мицкоски.

Град Скопје го разреши Златко Перински, в.д, директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација" на 9 септември годинава, како што соопшти, поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер.

„Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, Перински е разрешен во петокот на  9 септември“, соопштија од Град Скопје.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе