Во Скопје

Вечерва се отвора „Пиволенд“, први настапуваат Лара и нејзиниот бенд

За првпат пред македонската публика, и со настап во живо заедно со нејзиниот бенд составен од Јован, Итан, Филип, Димиш и Јана, младата пејачка Лара Иванова ќе блесне на крафт-сцената на овогодинешниот Пиволенд. Лара ја има таа чест да настапи прва и да ја отвори оваа фестивалска манифестација. Организаторите повикуваат на Пиволенд вечерва од 19.00 часот, земете пиво, наздравете со пријателите и уживајте во убавата музика.

Со нејзиниот талент за пеење ја освои македонската публика, а со нејзините песни докажа дека за македонската музика има иднина.

Вечерва на сцената на Пиволенд, Лара и нејзиниот бенд ќе отпеат и отсвират 12 песни, кои што се дел од нејзиното музичко портфолио.

„Некогаш ќе помине", „Кој е сега крив", „Душа", „Јас против целиот свет", „Цвеќе на тагата", се само дел од хитовите на младата македонската поп пејачка Лара, кои што за првпат ќе бидат испеани во живо.

На сцената на Пиволенд се родија многу нови музички имиња, зачекорија големи музички ѕвезди и се испеани преку илјадници песни. Лара и нејзиниот бенд со нивниот премиерен настап и отворањето на Пиволенд 2022, ќе влезат во портфолиото на најголемиот македонски музички пивски фестивал.

По пауза од 5 години, денес започнува Пиволенд. Овогодинешната музичка манифестација наговестува 5 дневна програма со повеќе од 50 музички артисти, над 100 видови на пиво, два стејџа и новитети кои ќе овозможат уште едно незаборавно издание на Пиволенд.

Оваа година, сите посетители на Пиволенд ќе имаат можност да си купат маичка и кригла брендирана со дизајнот на фестивалот преку која ќе донираат за здружението „Во мојот свет".

Дојди, види, испиј!, порачуваат организаторите. 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе