Утре без струја дел од корисниците во Гази Баба, Ѓорче Петров и Карпош

ЕВН Македонија утре планира неколку технички зафати во електро-системот во градот Скопје, поради што без струја ќе останат дел од корисниците во општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Каропош.

Во периодот од 08:00 – 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дуќаните и куќите пред и по надвозникот ул. Вамбел во општина Гази Баба. Во истата општина, во периодот од 09:00 – 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Наум Чакаларов (објектите во околината на бр. 48), ул. Мечкин Камен (објектот во околина на бр. 45)).

Во општина Ѓорче Петров, во периодот од 13:30 – 14:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. Социјалистичка Зора (објекти од бр. 1 до бр. 20), ул. Струмјани (објекти од бр. 1 до бр. 20), ул. Христо Батанџиев (објекти од бр. 1 до бр. 61), ул. Мис Стон (објекти од бр. 1 до бр. 30). Во истата општина, без струја ќе останат корисниците од ул. Козле (објекти од бр. 1 до бр. 50 и околината на овие објекти), во периодот од 09:00 – 11:30 часот.

Во периодот од 09:00 – 11:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. Теодосије Синаитски (објекти од бр. 1 до бр. 20), ул. Жданец (од бр. 1 до бр. 20), ул. Нерешка (од бр. 1 до бр. 20), во општина Карпош, информираат од ЕВН Македонија.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе