Презентиран проектот

Универзална сала ќе се реконструира во постојниот изглед и габарит

„Универзална ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит, задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и понатаму да служи во колективната меморија како симбол на солидарноста", изјави премиерот Зоран Заев на презентацијата на проектот за реконструкцијата на Салата. Проектот е изработен од архитектот Бујар Муча и е донација. Градежните работи треба да започнат во мај годинава, а вредноста на реконструкцијата изнесува 120 милиони денари.

Aрхитектот Бујар Муча од проектантското биро „Мегарон инженеринг" iизјави дека проектот го поделиле на две фази – едната фаза е изработка на фасадата и на куполата, а во втората фаза ќе предложат решение за функционалноста на објектот, за сценската технологија и седиштата за да се направи сала што ќе блесне во својот сјај.

„Се задржува постојната форма на објектот, се прави внатрешна реорганизација на просторот, се уфрлаат нови современи материјали во фасадата пред сѐ поради енергетската ефикасност, но и заради противпожарната заштита, рече Муча.

„Универзална сала, во времето кога е изградена, ја пренесе пораката до постземјотресно Скопје дека животот мора да продолжи. Денес, во услови на светска пандемија, кога започнуваме со нејзината обнова Универзална повторно ја носи истата порака дека животот мора да продолжи. И уште еднаш солидарноста доаѓа до израз. Архитектот Муча и неговото архитектонско биро „Мегарон", на Град Скопје и на скопјани им го отстапија идејниот проект за реконструкција на Универзална сала како донација. Град Скопје ја прифати донацијата и откако ќе заврши тендерот за изведувачките работи се предвидува почеток на реконструкцијата на 1 мај. Со повторното отворање на вратите на Универзална, кои пет и пол години се затворени, ќе се создадат сите услови да се отворат и портите на Скопје со претензија во 2028 година со гордост да ја понесе титулата европска престолнина на културата", изјави Заев и додаде дека Владата секогаш ќе биде инспирирана од проекти кои се од непосреден интерес и придобивка за граѓаните.

Градоначалникот Шилегов искажа голема благодарност до Владата која одвои 120 милиони денари средства од Буџетот за реализација на овој проект кој има огромно значење за скопската и македонската култура.

„Универзална сала беше омилена културна институција на многу скопјани, за многу деца, тоа е местото на првиот концерт или културен настан, а за мене тоа е доволна причина и мотив повторно да ги отвориме нејзините врати за посетителите", рече Шилегов.

„Идејата Универзална сала да ја сочуваме во постојната форма, на постојната локација, дојде по опсежна и отворена дебата и недвосмислено изразување на волјата на јавноста. Ова не значи дека се откажуваме од идејата за нова концертна сала во Скопје, но нашиот приоритет е да ја отвориме Универзална во нејзиниот полн капацитет уште во текот на оваа година. На 8 март ќе биде закажана седница на Советот на Град Скопје на која ќе ја примиме донацијата на изведбениот проект со што се создаваат услови за распишување на тендерската постапка и во текот на мај очекувам да започнат градежните работи. Изградбата на Универзална ќе биде и голем придонес за „Скопје – Европска престолнина на културата во 2028", рече Шилегов.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе