Тажна вест за миленикот на вработените и посетителите

Умре Тобого, една од трите жирафи во Зоолошката во Скопје

Умре една од трите жирафи во скопската Зоолошка градина. Како што велат од Зоолошката градина на жирафата Тобого и била направена обдукција при што не биле констатирани физички повреди. Во наредните денови ќе следат целосните резултати по што ќе се знае точната причина за смртта на ова убаво животно кое заедно со Каспер и Флопи беа вистинска атракција за посетителите. 

„Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого. Денеска беше направена обдукција при што не беа констатирани физички повреди и во наредните денови ги очекуваме целосните резултати. Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите. Роден беше во Франкфурт на 09.12 2010 година, а жител на Скопје Зоо беше од 05.11 2013 година. Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување . Трчај во небесната савана Тобого, многу ќе ни недостасуваш на сите, но ќе останеш засекогаш запаметен“, напишаа на официјалната страница на Фејзбук од Зоолошката градина во Скопје. 

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе