ИНИЦИЈАТИВА

Триесетина организации и здруженија бараат затворање на стационарот „Вардариште“

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ потенцира дека повеќе од два месеци градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски целосно го игнорира барањето за средба за затворење на стационарот „Вардариште“, кој, како што велат, претставува „грозоморното место каде масовно се убиваат бездомните кучиња“. На иницијативата на „Анима мунди“ именувана „Катанец за Вардариште“ досега се потпишаа триесетина различни организации, здруженија, агенции, коалиции, друштва...

„На 17 март годинава електронски доставивме допис до градоначалникот со две барања - да се затвори стационарот додека не запре убивањето на кучиња и не се создадат услови за целосна промена на концепцијата на неговото работење, но и да се вклучат претставници на здруженијата за заштита на животни во управувањето на стационарот. И додека матичната институција која е надлежна за функционирањето на ’Вардариште’ целосно не игнорира кон нашата иницијатива за затворање на стационарот, се придружија голем број граѓани и здруженијата“, стои во соопштението на „Анима мунди“.

Од таму ја презентираат и интернет петицијата за затворање на „Вардариште“, на која се потпишаа  12.000 граѓани.

„Тоа е, господине Трајановски, гласот на народот. Оттаму, ваквото игнорирање го сметаме за неодговорно, дури безобразно и срамно. Колку за пример, полесно ни се достапни претставниците на Европскиот парламент. Прашуваме чиј градоначалник сте вие кога ги игнорирате барањата на мнозинството хумани граѓани?“, прашуваат од Здружението. Доколку вашиот иритантен однос продолжи, Вие секогаш ќе бидете поврзуван со суровоста што ја покажа овој град кон кучињата, зошто имате  законски надлежности и можности да постапувате поинаку“, велат од Здружението.

Според нив, ваквиот однос прави Скопје да биде обележан како „примитивен и насилен град“, кон животните, природата, кон она што дише и кон се што  е живо“.

Бараат Трајановски да го затвори „Вардариште“, зошто вакво какво што е, според нив, претставува синоним на страдање и смрт и не го решава проблемот со прекубројноста на бездомните кучиња, а троши народни пари.

„Затворете го зошто ни го срами градот. Затворете го зошто граѓаните го бараат тоа.Во спротивно, најавуваме бројни други активности преку кои порано или подоцна ќе ја оствариме нашата цел. Ветуваме пред јавноста - ќе ги спасиме кучињата кои се уште се живи, а веќе  убиените во ’Вардариште’ нека одат на Вашата совест!“, велат активистите.

На иницијативата на „Анима мунди“, меѓу другите досега се потпишаа и здруженијата „Аномалиа“,  „Гласот на животните“, „Мали херои“, „Фауна“, „Спаси живот“, ЦИВИЛ – Центар за слобода, првата детска амбасада „Меѓаши“, регионалната платформа за активизам „Лице в лице“, новинската агенција Мета.мк...

Проблем е што освен „Вардариште“, кој според досегашните реакциите на повеќе организации воопшто не е репер за соодветно згрижувалиште, во Скопје не постои каква било друга служба за животни. Тука не спаѓаат ветеринарите и инспекциите.

Одамна кружи идејата за таканаречената „Полиција за животни“, служба одделена од МВР која ќе се грижи за кучињата-скитници, а според Законот за заштита и благосостојба на животни би имала ингеренции да казнува граѓани што трујат, мачат и убиваат кучиња и мачиња. Ова би значело и отворање посебни згрижувалишта-центри на општинско ниво, доволно легла и третман на животните според потребите на локалната самоуправа. 

Според досегашните извештаи, во „Вардариште“ месечно се заловуваат 200-250, а годишно околу 2.500 кучиња-скитници. Бројките дополнително укажуваат на потребата од зголемување на капацитетот на стационари. Стационарот располага со 72 кафеза. Во еден кафез, зависно од големината, можат да се сместат и повеќе кучиња. Одделението на ЈП „Комунална хигиена“ во „Вардариште“ е составено од 30-ина теренски работници – заловувачи, а на терен функционираат само со две возила, плус специјални сајли и мрежи.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе