„Состојбата во Град Скопје е како пред 40 години и не наликува на град кој е престолнина на земја што аспирант за членство во ЕУ. Во Град Скопје ни требаат решенија за 2040 или 2050 година па сметам дека БРТ е токму едно такво решение. Жалам што не се седнува и да се видат, да им остави на тие што се најразумни и најповикани да кажат кое е најдоброто решение за превозот во Градот Скопје“, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање пред почетокот на Тркалезната маса за Програмата за поддршка на конкурентноста на малите и средните претпријатија.
Тој нагласи БРТ е решение кое треба да примени, бидејќи со него граѓаните би добиле поквалитетен, побрз и почист превоз во градот кој со тоа ќе наликува на модерен град.
Проектот БРТ, кој е вреден 70 милиони евра и финасиски е поддржа од ЕБОР, го започна претходната градска администрација. За него беше добиен и кредит, но по промената на локалната власт проектот беше прекинат бидејќи новата градоначалничка Данела Арсовска и мнозинството во Град Скопје сметаа дека БРТ не е еколошки исплатлив проект