Скопје во портокалово, заедно против насилство врз жени и девојчиња

На Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените, со официјален настан во паркот Жена борец, денес од 19 часот ќе се означи почеток на годинешната кампања со слоган „#НемаОправдување – заедно против насилство врз жени и девојчиња".

Со настанот започнуваат и останатите активности што ќе се реализираат во текот на глобалната кампања 16 дена активизам против родово-базирано насилство, што ќе трае до Меѓународниот ден на човекови права, 10 декември 2019 година.   

Во светски рамки, една од три жени е жртва на насилство. Насилството врз жените и девојчињата постои во најразлични форми, во кои влегуваат различните психички и физички акти на насилство што се случуваат секој ден. Цел на кампањата е да поттикне дискусија, споделување и активно вклучување во борбата против насилството врз жените и девојчињата. Замислена е да ја рефлектира темата „Обојте го светот во портокалово: генерацијата еднаквост зазема став против силувањето“, а како носечки симбол на овој настан е целосното „портокалово“ осветлување на паркот Жена борец. Портокаловата боја е избрана како симбол за посветла иднина без насилство врз жените и таа боја е основа за целата кампања која ќе трае 16 дена.

На настанот ќе присуствуваат бројни високи владини претставници, како и претставници на мисиите на ОН, Европската Унија и ОБСЕ во Македонија, кои ќе се обратат на присутните истакнувајќи ја важноста од проактивно вклучување на сите институции и воопшто генералната јавност во борбата против различните форми на насилство врз жени и девојчиња.

Планираните активности за 16-те дена активизам вклучуваат кампања на социјалните медиуми, со објавување различни содржини и едукативни пораки против насилство од различни луѓе, од различни сфери на животот како нивен знак на поддршка и организирање низа активности, како и дебати и работилници низ целата држава. 

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе