Прес-конференција во СДСМ

Скопје стои во место, а кавгата со Аровска го покажа вистинското лице на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, изјави Кичевски

„Една година од локалните избори на виделина е вистинското лице на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Скопје како и во општините на главниот град. Наместо да работат за граѓаните, за скопјани, за развојот на градот, гледаме кулминација на една брутална кавга помеѓу Мицкоски и градоначалничката Данела Арсовска. Само за лични, партиски и бизнис интереси на структури во ВМРО-ДПМНЕ“, изјави претседателот на Градската организација на партијата Васко Кичевски. Тој ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за кочење на виталните проекти за Скопје.

Тој рече дека јавноста со денови слуша меѓусебни обинувања за тендери, пари, влијание, неработа и криминал.

„Тендер вреден 136 милиони евра е причина за кавгата помеѓу кадрите на Мицкоски. Очекуваме сите надлежни правосудни органи да ги истражат сомнежите за криминал и да следува одговорност. Ниту СДСМ ниту граѓаните не ги интересираат односите на Арсовска и Мицкоски, дали им се нарушени, дали со тоа кријат нешто друго или не. Скопјани очекуваат развој на градот, реализација на ветените проекти кои никаде ги нема“, рече Кичевски на прес-конференција во СДСМ.

Тој рече дека една година Скопје стои во место, но и дека ВМРО ДПМНЕ во изминатиот период намерно ја сопре реализацијата на стратешките проекти во градот како што се БРТ - системот, мостот во населбата Аеродром,  улицата  „Љубљанска“, Универзална сала и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ го загрози дури и проектот за прочистителна станица.

„Досега Аросвска им беше супер, одеднаш не им одговара, не била нивна. Токму Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник. Дури и потписите ѝ ги собраа. Заедно одеа на митинзи, на собири, на средби се фалеа и бараа поддршка од скопјани. Пари, бизнис зделки и влијанија, друго не го интересира Мицкоски. Тоа е причината за јавните препукувања и ништо друго. За жал, како во лош филм на Скопје му се случува репризата на криминалното ВМРО-ДПМНЕ со силен удар врз развојот на градот“, рече Кичевски.

Тој и направи паралела па рече:

„Истко како што ВМРО-ДПМНЕ го осакати главниот град со криминалната пералница на пари Скопје 2014, сега му се заканува нова катастрофа. Скопје 2014 му ја приреди Груевски, катастрофата Скопје2024 ја приредува Христијан Мицкоски. СДСМ ќе направи сѐ тоа да не се случи. СДСМ е на страната на скопјани и ќе продолжи одговорно да делува во советот на Град Скопје, во јавноста, бранејќи ги интересите на граѓаните“, порача Кичевски.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе