Заради урбанистичкиот хаос

Скопје ќе добие „пасош“, а податоците ќе ги собираат граѓаните, најавува Зелен хуман град

Заради нетранспарентното планира на главниот град, започнуваме со изработка на „пасош" на Скопје со кој визуелно ќе прикажеме кои делови од градот се квалитетно урбанизирани, а кои не се, најави Зелен хуман град и информира дека во процесот на создавањето на пасошот ги вклучуваат граѓаните кои ќе учествуваат во собирањето податоци и во креирањето на визијата за Скопје преку алатката МојГрад. Со новиот ГУП треба да се направи „договор за користење на просторот" со сите скопјани, велат од Здружената граѓанска иницијатива.

„Нов ГУП за зелено и хумано Скопје" е иницијатива на Зелен хуман град за која се разговарало деновиве со учество и на експерти од институциите, академијата, претприемништвото и граѓанскиот сектор.

Експерти од Бугарија, Љубо Георгиев и Калојан Карамитов, како што соопшти граѓанската иницијатива, презентираа искуства како ја создале „Визијата за Софија“ - стратешки документ за одржлив и паметен развој на градот.

Тие споделија кои податоци се користени за оценка на состојбата / функционалноста на градот и неговите делови, како се дефинирани мерките и индикаторите за следење на успехот во постигнувањето на визијата. Воедно, ја потенцираа важноста од собирање прецизни податоци со чијашто анализа се утврдува што недостига за квалитетен и здрав живот во населбите, велат од Зелен хуман град.

„За добивање точни информации неопходно е да се вклучат сите засегнати страни и самите граѓани. Така, во планирањето ќе учествуваат не само урбанистите, туку сите оние што ги користат просторот, објектите, инфраструктурата, зеленилото и другите елементи на градот во кој живееме и работиме“, нагласуваат од Граѓанската иницијатива.

Претставникот на Градот Скопје, во рамки на овие разговори, информираше дека изработката на ГУП 2022-2032 за Скопје е започната, а првата фаза на планската програма е завршена на Архитектонскиот факултет, но не е никаде објавена.

„Целта со иницирањето транспарентно планирање е да се прекине со работа зад затворени врати, да се прекине со трошење пари на граѓаните за изработка на студии и истражувања изработени далеку од очите на јавноста. Агенцијата за планирање на просторот, која има потпишано договор со Градот Скопје да го изработи ГУП, не ја прифати поканата за учество на работилницата, што го сметаме за одраз на недопустлива затвореност“, потенцираат од Зелен хуман град.

„Зелен хуман град силно се спротивставува на нетранспарентно планирање на Скопје! Затоа започнуваме со изработка на „пасош" на Скопје со кој на многу едноставен начин визуелно ќе прикажеме кои делови од Скопје се квалитетно урбанизирани, а кои не се. Во кои делови има консолидирани соседства каде што се обезбедени сите неопходни пратечки јавни содржини (градинка, училиште, амбуланта, детско игралиште, спортски терен, парк за миленици, објекти од областа на културата, урбани градини, биокомпостара, пазар, итн.), а каде воопшто не е инвестирано и кои наши сограѓани живеат, учат, работат во супстандардни услови. Во процесот на создавање пасош за Скопје ги вклучуваме граѓаните кои ќе учествуваат во собирањето податоци и во креирањето на визијата за нашиот град преку алатката МојГрад. Посветено ќе работиме и ќе инсистираме со новиот ГУП да се направи „договор за користење на просторот" со сите скопјани. Само заедно може да ја спречиме урбанистичката мафија во незаситното градење и загрозувањето на нашето право на сонце, чист воздух, зелени јавни простори и пристапна и достапна инфраструктура за сите нас“, информира граѓанската иницијатива Зелен хуман град.

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе