Потсетување

Сите мерки на ЈСП во превенција против коронавирусот

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и денес потсетува на сите мерки кои ги презема по дадените препораки од Министерството за здравство и Владата, а во контекст на заштита од коронавирусот.

Од таму информираат дека од утре, сабота (14.03.2020 год), билетарниците на ЈСП Скопје и центрите за персонализација ќе работат со скратено работно време, односно до 18 часот.

Од денеска, петок (13.03.2020 год) времено се укинуваат автобуските линии што сообраќаат до Средно Водно (25, 25А и 25Б), а со работа ќе прекине и Жичарницата.

Нема да сообраќа и автобуската линија „City tour", наменета за туристички разглед на градот.

Во сила е одлуката за редуциран јавен превоз, односно возилата на ЈСП Скопје и приватните превозници сообраќаат по редуциран возен ред, идентичен на оној како за време на зимскиот и летен училиштен распуст.

Не важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети, а укинат е и бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.

ЈСП Скопје продолжува со дополнителна дезинфекција на своите возила, мерки кои се презедоа од пред десетина дена. Секое возило е подложно на дополнителна дезинфекција, внатрешноста се дезинфицира со распрскување на соодветни средства на база на алкохол и Дезинтал 10%, а се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото.

Сите одлуки се времени, ќе важат во наредниот период, се до новите препораки.

Апелираме до граѓаните, рационално да го користат јавниот превоз, истовремено да се придржуваат на препораките како да се однесуваат во затворен простор (кивање, кашлање во подлактица или шамивче и слично).

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе