ГРАД СКОПЈЕ

Сите булевари и градски улици се расчистени и проодни, фрлени уште 50 тони сол

Екипите на зимската служба на Град Скопје делуваат на терен со 24 возила и сите булеварите и улиците коишто се во надлежност на Градот се расчистени и проодни, соопштија од Град Скопје. 

Изминатава вечер на коловозите биле фрлени дополнителни 50 тони сол, а екипите на јавните претпријатија го чистат снегот од јавните површини и пешачките патеки.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите и потсетуваат дека индустриската сол има ефект до - 6 степени целзиусови и поради ниските температури можно е појавување на голомразица на коловозот , па апелираат на голема внимателност во сообраќајот.

Истовремено, оттаму апелираат до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

ЈП „Комунала хигиена“, пак, апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.

 

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе