Сериозен инцидент во Скопје

Синоќа група граѓани го оштетија споменикот на цар Душан

Иако се обидуваа да го урнат, група граѓани синоќа само го оштетија споменикот на цар Душан на Мостот на цивилизациите во Скопје.

Главниот уредник на ТВ Алсат-М, Мухамед Зекири, на својот Фејбук профил објави неколку фотографии од вечерашните обиди за уривање на споменикот на мостот пред зградата на Уставниот суд во центарот на Скопје.

Организираната група од околу дваесетина граѓани подолго време се обидувала да го урне споменикот, но успеала со чекани само да го оштети. ТВ Алсат-М пренесе дека меѓу граѓаните имало и претставници на ДУИ.

Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи извесен Африм Гаши објави отворен повик за протест и уривање на споменикот за денеск во 12 часот.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе