Прес-конференција на СДСМ

Шутаров: Мицкоски и Арсовска да се извинат за нереализираните проекти во Скопје

Шпицниот градоначалник Мицкоски, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и локалната власт во Град Скопје, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, да излезат и да им се извинат на граѓаните за сé што ги излажаа пред 11 месеци и за сета негрижа што им ја пружија во изминатите 11 месеци, изјави Гордан Шутаров, советник од редовите на СДСМ, кој наброја неколку од ветените, а нереализирани проекти за скопјани.

На прес-конференција во СДСМ Шутаров рече дека речиси цела година Скопје тапка во место поради лични и бизнис интереси на „шпицниот градоначалник и ВМРО-ДПМНЕ“.

„Целата јавност е сведок дека приоритет им биле тендерите и личните интереси, а решавањето на проблемите на граѓаните на последно место. Наместо за развој и унапредување на Град Скопје тие правеле планови за тендери, провизии, влијанија. На крајот кога очигледно не можеле да се договорот јавно меѓусебе се скараа. Последица на нивните кавги се откажани, стопирани проекти и нереализирани ветувања во Град Скопје„, рече градскиот советник Шутаров.

Тој потоа наброја неколку од најавените проекти кои не се реализирани:

„Заглавена е пречистителната станица за која во ВМРО-ДПМНЕ се расправаат околу провизиите за тендерот во вредност од 136 милиони евра. 

Брзиот автобуски транспорт во Скопје не се реализира, иако за него има одобрени средства, а нема ни нови автобуси, за кои Христијан Мицкоски како шпицен градоначалник јавно се пофали дека ги договарал.

Недоправена стои Универзалната сала, иако за реконструкцијата има одобрено средства, нема напредок ниту кај клучката во Момин Поток, не се гради мостот на улица Љубљанска.

Не е пуштен мостот што ги поврзува Аеродром и Керамидница, ниту улицата Есенинова, што ги поврзува Аеродром и Кисела Вода, кои треба да го смалат сообраќајниот метеж во тој дел од градот и да им заштедат време и нерви на граѓаните.

Парното во Скопје мораше Владата да го преземе за да не смрзнат скопјани“.

Шутаров рече дека причините се во тендерите и личните интереси  и порача: „Најмалку што можат да направат е да им се извинат на граѓаните и да се фатат за работа, за која граѓаните им ја дадоа својата доверба“.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе