Шанса за Центар бара да се заштитат и граѓаните и животните во ЗОО Скопје од прегласната музика во дискотеките

По поскапувањето на лиценците за работа на ноќните клубови и дискотеките во Скопје граѓанската иницијатива Шанса за Центар до Советот на Град Скопје, службата и градоначалничката на Скопје упати барање лиценците да повлечат и обврски.  

„Шанса за Центар во врска со доделувањето на лиценци за дискотеки во Градскиот парк предлага сите дискотеки на отворено со лиценца да се задолжат да поднесат и проект за поставување озвучување со кое звукот ќе биде единствено насочен кон подиумот“, пишува во барањето од Шанса за Центар во кое се додава дека во светот има многу вакви успешни решенија каде значајно се намалува ширењето на звукот кон околината, а квалитетот на звукот на подиумот се подобрува.  
Истовремено потсетуваат дека дискотеките се граничат со Зоолошката градина и сериозно се загрижени за загрозување на животот и на животните кои се дел од ЗОО Скопје.

„Животните со години ја трпат тортурата со прегласна музика во ноќните часови кога биолошки тие треба да спијат. Загадување со звукот е најголем проблем и го загрозува здравјето на луѓето и на животните подеднакво. Се чини дека никој не размислува за овој вид загадување на градот“, велат од граѓанската иницијатива.
Шанса за Центар бара одговори од Градот Скопје дали се размислува доделувањето на лиценцата освен што носи права за дискотеките да создаде и обврски и очекува дека при формирање на цената за лиценците се мислело и на жителите на Скопје и на животните во Зоолошката градина.

„Ниту една парична сума не е доволно висока кога се уништува секојдневието на животните кои се сместени во Зоолошката, но и на граѓаните кои живеат во поширокото подрачје околу Градскиот парк. Очекуваме дека со вакво задолжување на носителите на лиценца ќе им се олесни функционирањето во текот на периодот кога работат, а со тоа ќе се подобри и соживотот помеѓу институциите на Град Скопје, граѓаните и угостителите“, соопштија од Шанса за Центар.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе