Амди Бајрам ќе биде погребан денеска на гробиштата во Бутел, а од неговиот дом во населбата Бутел ќе тргне и погребната поворка. По социјалните мрежи се споделува повикот сите Роми и не-Роми да се придружат на поворката од 14 часот.
„Ги повикуваме сите на кои им помогна, роднини, пријатели, политичари, бизнисмени, организации и сите Роми и не-Роми, за последен пат да го испратиме до вечниот дом, затоа што заслужува, затоа што беше голем Ром и пред се голем човек“, се вели во повикот.
Министерството за здравство вчера соопшти дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на ковид-19, па во интерес на заштита на нивното здравје, се повикуваат семејството и неговите пријатели во целост да соработуваат со надлежните служби, да се избегнат сите погребни ритуали, а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од понатамошно ширење на инфекцијата од ковид-19.