Град Скопје

Се уредува зеленилото на булеварот Александар Македонски на излезот од Скопје

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве работат на средување на страничното и средишно зеленило на булеварот Александар Македонски на излезот од Скопје.

На потегот од „Агросервис" до надвозникот на автопатот Скопје – Велес се коси тревната површина и диво израсната вегетација, а се собираат и отпадоци од средишната жардиниера и страничното зеленило покрај автопатот.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ континуирано работат и на чистење на парк шумата Водно. Во рамките на овие активности, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изминатата недела собраа два полни камиони со отпадоци, соопшти Град Скопје.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе