СДСМ: Градоначалничката на Скопје да го разреши незаконски поставениот генерален секретар

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ незаконски го поставија за секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски кој што истовремено е и член на Советот на Општина Чаир, избран од граѓаните на последните локални избори.Тоа значи дека Велковски зема и две плати, една од 50.000 денари како секретар и уште една од околу 18.000 денари како советник. Ова не е само неетички, туку е и спротивно на Законот за спречување на корупција и судир на интереси, соопшти СДСМ.

„Затоа ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупција да постапи за ова очигледно непочитување на законите, прописите и правилата за неспоивост на функции, а секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски треба да сдаде оставка од позицијата секретар на Град Скопје.
Сега на листата неуспеси и промашувања на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ по шест месеци мандат, се додава и непочитување на законските прописи и норми“, соопшти СДСМ.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе