Санкционирани 38 мотоциклисти во Скопје

Денеска на територијата на СВР Скопје во периодот од 10.00 до 18.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 38 возачи.

Од нив, шест возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, четири возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе