ДОНАЦИИ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ

Саити од Црвен крст: Не сме селективни, невозможно е одеднаш да бидат опслужени 10.000 жители (ФОТО)

Немозможно е одеднаш да бидат опслужени 1.000 жители. Црвениот Крст секогаш ја дели помошта согласно своите принципи кои никогаш не ги делат луѓето по ниту една основа, но нереално е да бидат опслужени сите во исто време. Не е селективност ако во исто време не сме успеале секаде да стигнеме, рече денеска генералниот секретар на Црвениот Крст Саит Саити, одговарајќи на новинарско прашање за шпекувациите дали помошта не стигнува на местата каде што е најпотребна или дали селективно се дели.

 

Според Саити, помошта секогаш се дистрибуира етапно, најпрво на 2.000 жители, па на уште толку...

„Го посетуваме секое семејство, така и ќе продолжиме. Активностите ќе траат подолго, ќе останеме со луѓето и кога ќе стивне интересот во медиумите“, рече Саити, додавајќи дека допрва се обезбедуваат дополнителни донации, материјални средства, намирници...

Според последните информации, Црвениот крст во изминатите три дена до најпогодените подрачја од невремето дистрибуираше 55 тони вода, 5.500 пакети со храна (секој наменет за четири лица), 190 душеци, 365 кебиња и 210 килограми облека. Укажани се и 36 асистенции по прва помош.

Истовремено, досега на жиро-сметката на Фондот на солидарност на Црвен крст се собрани 5.151.486 денари, а преку телефонот 143 400 се донирани 7.910.000 денари.

Во поддршката на погодените подрачја се вклучени 80 волонтери, седум мобилнии тимови за прва медицинска помош, а активиран е и целиот логистички потенцијал на Црвениот крст.

Според информациите на терен, најпотребни се вода за пиење, конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за хигиена и дезинфекција, лопати, гумени чизми и ракавици, кофи, батериски ламби.

Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток и во ОУ „Наум Наумовски Борче“ од 8 до 18 часот.

Инаку, вчера се прошири и веста дека хуманитарната помош за настраданите ќе се дистрибуира само преку Црвен крст. Од таму информираа дека ќе се затворат пунктовите за дистрибуирање на помошта во училиштата „25 мај“ и „Кирил и Методиј“ во Стајковци, но пунктовите на кои се донира помош, организирани од граѓанските иницијативи и од самите граѓани продолжуваат да функционираат.

„Дистрибуцијата ќе се врши амбулантно со возила на Црвениот крст директно на улиците по селата. Еден ден ќе се поминува една улица, наредниот ден друга. Најважно од се е да се исчисти целиот простор и луѓето да добијат вода и струја за да може побрзо да оди санацијата. Црвениот крст во наредните десет дена ќе остане со хуманитарната дистрибуција, а понатаму ќе се процени како ќе се одвиваат акциите“, рекоа вчера за МКД.мк од Црвен крст.

Дел од граѓанските организации и активисти реагираа на новонастанатата ситуација, сметајќи дека никој не може да ги спречи, односно донациите кој може да ги носи на пунктови, а кој може директно до загрозените подрачја. Побараа координација на терен, а не ограничувања. Активистите нагласија дека сите пунктови коишто се организирани на социјалните мрежи функционираат со целосна посветеност на волотерите, а секој добиен продукт се маркира со ознака ’H’ и се носи секаде каде што е потребно. Активистите досега се организираа и преку фејсбук-групата „Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје“. 

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе