Тука наскоро ќе влезат и првите студенти.
Монтирањето на мебелот е веќе започнато, па најгорните катови се веќе целосно опремени. Секоја соба е опремена со мини фрижидер, мини кујна, плакари, биро... Во домот ќе има и безжичен интеренет за сите.
Во наредните денови ќе биде распишан тендер за набавка на нови лифтови за сите студентски домови во земјата.
Реконструкцијата на блок А од овој студентски дом планирано е да заврши до крајот на наредната година.
Студентите од блок А ќе бидат префрлени во блокот Б, а блокот А ќе биде целосно затворен.
Во Министерството за образование се подготвуваат и проектите за реконструкција на останатите два блока од домот, В и Г и за мензата.
Завршувањето на работите на студентскиот дом „Гоце Делчев“ е планирано за крајот на 2016 година или почетокот на 2017 година.
ФОТО: Република