Пуштена во употреба нова градинка во Радишани

Нова градинка со капацитет да згрижи 120 деца од предучилишна возраст беше отворена денеска во населбата Радишани, во општина Бутел. Градинката е со површина од 500 метри квадратни, има пет занимални за пет групи за згрижување деца, секоја од занималните е со сопствени тоалети, а има и медицинска соба за првично згрижување болни деца.

Годинава ова е седма градинка што се отвора и вкупно 50-та пуштена во употреба од 2009 година наваму. Иако било планирано годинава да бидат отворени 10 градинки, до крајот на годината се очекува вкупно 15 градинки  да бидат пуштени во употреба, соопштија од Владата. 

„Станува збор за нов објект кој отвори капацитет за згрижување на 120 дечиња. Со тоа целосно го решаваме проблемот на родителите од ова населено место и од утре сите деца кои се на листата на чекање ќе бидат згрижени во новата градинка. Ова е седма градинка што ја отвораме годинава, педесетта што ја отвораме од 2009 година наваму“, истакна на отворањето на градинката министерот за труд и социјална политики Диме Спасов.

Информира дека инвестицијата е во износ од околу 11 милиони денари.

„Општината ги презеде активностите за изградба на овој нов објект, а Министерството учествуваше во целосно опремување на новоизградениот објект“, рече Спасов.

Најави дека и натаму ќе се продолжи со низа инвестиции за отворање детски градинки со особен фокус, како што рече, на градот Скопје.

„Очекуваме оваа година да ги надминеме плановите за отворање 10 градинки и, покрај веќе отворените седум, да отвориме уште осум, односно вкупно 15, од кои над половина ќе бидат во градот Скопје, рече Спасов.

Градоначалникот на општина Бутел Петре Латиновски нагласи дека новата градинка е од исклучително значење.„ Се наоѓа во непосредна близина на градинката „Ташко Караџа“, која има капацитет за 180 деца, но поради потребите на граѓаните градинката згрижувала и до 300 деца“, истакна Латиновски .

Латиновски најави дека наскоро ќе биде пуштен во употреба целосно реконструиран објект на детска градинка во Бутел 2, со капацитет за згрижување на над 100 дечиња, како и дека ќе почне со изградба на уште една нова градинка во населеното место „Живко Брајковски“.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе