Протест на жителите на Водно, нова градба, нова опасност од свлечиште, се бара стопирање на градбата

Нова дупка се копа меѓу куќите на скопската населба на Водно, а тоа значи длабока ископина коjа може да предизвика свлечиште на околните куќи и нова станбена зграда, се жалеа денеска тамошните жители кои протестираа против дивеењето и опасноста од можно ново свлечиште на земјиште. За оваа најнова градежна активност веќе се исечени дваесетина дрвја.

Од неформалното здружение „Стоп за урбаната мафија на Водно” велат дека по многу нешта се работи за спорна градба, во заштитен појас на Горно Водно, спротивно на сите градежни стандарди. Соседите веќе потпишаа петиција до општина Центар за итно стопирање на сечата на дрвјата и девастирање на просторот со спорен објект, но градењето продолжува.

Жителите велат дека се консултирале со архитекти кои им велат дека ваквиот начин на градба нема да ги издржи темелите, и тоа, при најмал потрес, ќе предизвикало пропаѓање на објектот.

Објектот се наоѓа над игралиштето кај училиштето „Кочо Рацин”.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе