При крајот на летото во Скопје ќе проработат летните дискотеки

Здружението на скопски летни клубови информираше дека е постигнат договор со Министерството за внатрешни работи, Град Скопје и Министерството за економија и по неколку месечното неработење летните клубови во Скопје добија дозволи за работа.

„Младите во Скопје ќе ја имаат истата можност како младите низ Македонија и низ светот да се забавуваат, социјализираат во нормални и безбедни услови во летните ноќни клубови“, стои во соопштението.

Иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ претходниот месец во јавноста соопшти дека ниту еден летен клуб во Скопје нема добиено дозвола за работење, по што беше на најавен протест пред Влада на 27 јули и беше одржана прес-конференција од Независната угостителска комора. Оттаму посочија дека Министерството за економија не издава дозволи, а од министерството проблемот го насочија кон Министерството за внатрешни работи. Од МВР се изјаснија дека барањата за работа на дискотеките во летните клубови се неиздржани поради немање имотни листови и сообраќајни проекти.

Неколку дена подоцна протестот беше откажан со образложение дека институциите се согласиле да ги слушнат барањата на летните клубови.

Од иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје" им се заблагодарија на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и на министрите за внатреши работи и економија, Оливер Спасовски и Крешник Бектеши, зашто им помогнале да добијат дозволи за работа.

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе