Претпладне посебен сообраќаен режим во дел од Скопје

Поради одржување на спортско рекреативната трка „Прв до врв" денеска ќе има посебен сообраќаен режим по улиците во Скопје, информира МВР.

Велосипедската трка ќе почне во 09.45 часот од Музејот на град Скопје – улица „Св. Кирил и Методиј" и ќе продолжи по булеварот „Св. Климент Охридски", булеварот „Мајка Тереза", улицата „Тодор Александров", локален пат за Средно Водно до „Милениумскиот крст".

Планинарите стартуваат во 10 часот, а трасата на движење почнува пред основното училиште „Кочо Рацин" по улицата „Тодор Александров" и улицата „Салвадор Аљенде", ридско пешачките патеки кон Средно Водно до „Милениумскиот крст".

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе