Прекршен е договорот, поднесувам оставка од функцијата заменик градоначалничката на Скопје, рече Абази

Со последните именувања на нови директори од страна на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска е прекршен договорот што го имавме на ниво на градот, затоа поднесувам оставка на функцијата заменик градоначалничка на главниот град, изјави Бујаре Абази од Алијанса за Албанците, која на функцијата дојде по минатогодишните локални избори. Таа потсети дека нејзината функција беше резултат на меѓупартиски договор по поддршката што Аровска како независен кандидат ја доби и од Алијанса за Албанците.

„Алијанса за Албанците демонстрира принципиелан политика и не дозволуваме пазарења на штета на граѓаните и не сакаме да бидеме таму каде што се кршат договорите. Но, Данела Аровска ги прекрши договорите и донесе одлуки за луѓе од кои граѓаните и Албанците имале штета во минатото“, рече Абази.

Таа одговори потврдно дека оставката е резултат на вчерашното именување на директорски функции на луѓе од ДУИ, на местото на претходни директори кои беа од редот на ВМРО-ДПМНЕ.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе