Повторно пријави за бомби во осум средни училишта во Скопје

На меил адреси на осум средни училишта во Скопје денеска повторно била упатена закана за поставена експлозивна направа, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР) откако МКД.мк објави дека попладнево се евакуирани учениците од скопската гимназија „Никола Карев".

Станува збор за училиштата „Раде Јовчевски – Корчагин", „Орце Николов", „Јосип Броз Тито", „Панче Арсовски", „Никола Карев", „Владо Тасевски" и „Михајло Пупин" и „Цветан Димов".

„Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се презематаа мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Скопските средни училишта изминатиот период повеќепати добиваа закани за поставени бомби, за кои полицијата утврди дека биле лажни.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неодамна изјави дека станува збор за хибридни закани и оти очекува истрагата за лажните пријави на бомби наскоро да заврши.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе