Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради блокади од приватните превозници

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре поради најавено одржување на протест, со почеток во 6 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот. Приватните автобуски превозници за утре го најавија протестот поради, како што велат, неисплатените долгови од Град Скопје, а информираат дека ќе бидат блокирани крстосниците кај Мавровка, кај Црвен крст и кај Владата.

Посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на бул. „Илинден" – од крстосницата на бул. „Илинден" со бул. „Св. Климент Охридски", до крстосницата од бул.„8 Септември" и бул. „Илинден" – крстосницата од ул. „11 Октомври" и бул.„ Кочо Рацин" (Црвен крст) и крстосницата од бул. „Гоце Делчев" и бул. „Крсте Мисирков" (Судска палата).

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе