Поради поправка на мостот на Маркова река изменет сообраќаен режим на ЈСП

Од ЈСП информираат дека од денеска сабота (18.06.2022 год) во вечерните часови до недела (19.06.2022 год) во вечерните часови, возилата од јавниот превоз од/кон Драчево ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот. По изменет режим ќе возат линиите 31, 33, 41, 42, 51, 67 и 74. Автобусите ќе возат по изменет режим поради градежни зафати на мостот на Маркова река, информираат од ЈСП.

Во насока кон Драчево, возилата од булевар "Борис Трајковски" ќе вртат лево на семафорите кај Цементара, па по булевар "Србија", потоа десно по булевар "Дванаесетта македонска бригада" ќе продолжуваат по траса на линија 33 низ село Горно и Долно Лисиче, па оттаму секоја ќе продолжува по својата редовна траса.

Посочениот режим ќе важи и во обратна насока.

 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе