ПРОТЕСТ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Полицијата има рок од три дена за кривична пријава против убиецот на коњот (ФОТО)

Ако за три дена полицијата не го реши проблемот со убиецот на коњот и со неговите други активности со незаконските борби со кучиња, ќе го радикализираме протестот, најавија активистите на Анима мунди, организатори на денешните протести пред полициската станица во скопската општина Ѓорче Петров.

 

На денешниот протест се собраа повеќе од стотина невладини активисти, љубители на животни и побараа преземање на итни мерки за случајот со убиениот коњ во Ѓорче Петров. Протестот е продолжена реакција на трагичниот случај со коњот, чиј сопственик со денови го изгладнуваше и го мачеше до смрт, за со него да ги нахрани кучињата чувани за борби.

Граѓаните порачаа „Полицијата да нè штити нас, а не криминалците“ и „Да се спаси вториот коњ“.

Еве што стои во повикот за протестот:

„1. Полицијата заштити садист, деликвент што со денови измачувал коњ, го изгладнувал, чекал да умре во дворот на ОУ Димитар Поп Георгиев Беровски во населбatа Ѓорче Петров, со цел со него да нахрани кучиња чувани за борби, во дворот на училиштето.

2. Полицијата не го спречи деликвентот да го однесе повредениот, изнемоштен, преплашен коњ, иако ние обезбедивме ветеринар, превоз и понудивме згрижување на животното – напротив, полицијата уште го советуваше да го изнесе од училишниот двор, за да не добие можност за пријава и казна. Полицајците беа збунети и телефоните им ѕвонеа десетина пати во една минута. Веруваме дека добивале инструкции како да постапат.

3. Коњот заврши кај монструм и силеџија, иако ние сакавме и можевме да го спасиме, иако и нашиот адвокат им предочи на полицајците дека лично сведочат на кривично дело мачење на животните, извршено од лице што чува кучиња за борби, што е уште едно кривично дело. За двете дела согласно со Кривичниот закон на РМ се предвидени и казни затвор.

4. Полицијата не ги спречи силеџиите да искажуваат вербално насилство и да им се закануваат со тупаници на активистите и само молчеа без да направат записник за тоа.

5. Полицијата ги евидентираше активистите, ги фотографираше и нив и нивното возило, што непосредно го толкуваме како обид за притисок. За насилникот што го мачеше и го уби коњот, кој во моментов поседува уште еден коњ што треба да заврши како храна на неговите кучиња спремани за борби, не направи ниту записник.

6. Новинарката Ј. Ивановска-Јоци, која дојде на самото место за да му помогне на животното и која пишуваше за коњот, преку посредници од џганот деликвенти доби закани по живот.

7. Деликвентот, кој има и име и презиме, заедно со своја багра насилници вчера вечер повторно го донесе коњот, овој пат мртов, со врзани екстремитети, мачен и убиен. Полицијата, иако дојде, не постапи во рамките на своите овластувања.

8. Вториот коњ сè уште е кај насилникот и прашање на часови е кога ќе биде убиен како и првиот коњ. Криминалци, насилници, џган се штити во Македонија, наместо хуманоста - Македонија е последниот круг од пеколот за животните!

Бараме полицијата, Агенцијата за храна и ветеринарство, општината Ѓорче Петров итно да интервенираат, да ни биде предаден живиот коњ, кучињата врз кои се изживува и кои ги држи за борби, а насилникот да биде зад решетки. Бараме казна за полицајците што не постапиле соодветно и иако можеле, не го спасиле сега веќе мртвото животно.

Бараме недвосмислена заштита на активистите за заштита на животни и новинарката Ј.Ивановска – Јоци, кои беа изложени на притисок пред очите на оние што се платени да ја гарантираат нивната психофизичка безбедност и интегритет.

Бараме ваквите случки никогаш да не се повторат, а злоставувањето на животните да се третира како сериозен криминален акт и нарушување на безбедноста на сите, и луѓето и животните!

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе