Почувствуван земјотрес во Скопје

Земјотрес со епицентар 760 километри јужно од Скопје во Средоземно Море со локална Рихтерова магнитуда 5.8 е почувствуван денеска веднаш по полноќ во 00 часот и 43 минути, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот со локална Рихтерова магнитуда 5.8 е почувствуван и во нашата држава со интензитет од II -III степени според Европската макросеизмичка скала.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија има станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, и е одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе