СКОПЈЕ

Почна изградбата на ново училиште во Центар

Во населбата Капиштец,во скопската општина Центар вчера почна изградбата на ново основно училиште.

Новото училиште ќе има капацитет за 500 ученици, вкупната површина на објектот ќе биде 11.886 м2, ќе има 20 училници, осум кабинети, спортска сала, сала за гимнастика, аула со трибини, кујна со трпезарија, два лифта, спортски терени за футбол, одбојка и ракомет, ботаничка градина и подземен паркинг со 95 паркинг места.

„Денеска ја почнуваме изградбата на новото основно училиште „Капиштец“. Последното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Центар е изградено 1969 година, а последната градинка пред 41 година“, рече на поставувањето на камен темелникот градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Во ова училиште секој ученик ќе има минимум ппростор од 5 квадратни метри, а во секоја паралелка ќе има од 25 – 28 ученици. Новото, современо училиште „Капиштец“ ќе биде едно од најубавите на Балканот, со капацитет од 500 ученици, вели Жерновски.

На конкурсот за идејниот изглед имало 21 пријавен труд, а како најдобар бил избран трудот на младиот архитект Бесијан Мехмети, информираат од општината.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе