Натпреварот беше неизвесен, двете екипи се менуваа во водство, а кога требаше да се решава победникот, Дончиќ истапи и ја донесе победата.
Словенецот мечот го заврши со 32 поени, имаше девет асистенции и шест скокови, Ирвинг реализираше 23 поени. Во поразениот тим Џорџ и Харден постигнаа по 22 поени.
Сега серијата се сели во Далас каде се играат наредните два меча.
Резултати:
Минесота – Феникс 105-93
Милвоки – Индијана 108-125
ЛА Клиперс – Далас 93-96