По Градскиот парк и кејот на Вардар „доби“ асфалт

Откако минатата недела во Градскиот парк беше асфалтирана земјена патека со асфалт осамна и на дел од кејот на Вардар.

Фото: Социјални мрежи

Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ асфалтирале дел од патеката на кејот на вардар кај мостот Обединети нации. Како што објави порталот СДК.мк, од „Улици и патишта“, на прашањето зошто на кејот е ставен асфалт наместо коцки или друг материјал соодветен за шеталиште покрај река, изјавиле дека „само на таков материјал можеле граѓаните да возат велосипеди и ролери“.

Град Скопје претходно објави дека „како дел од уредувањето на кејот извршени се повеќе санации, а санирана е пешачката патека на насипот на Вардар каде наместа имало оштетени бехатон плочи, саниран е дел од површината на пешачката патека на мостот ‘Обединети Нации‘, санирани се скалилата кај мостот ‘Обединети Нации‘, како и на оградата на мостот“.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе